Приведен е возачот кој возеше во пешачката зона во Струмица. Станува збор за 23-годишениот Н.А. од село Градашорци.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека по објавите на социјалните мрежи веднаш е постапено од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Струмица по што е пронајден возачот и возилото.
– За непочитување на законските прописи против Н.А: ќе бидат изречени соодветни платни налози, стои во соопштението од МВР.