Австрија денеска доби нов канцелар, два дена откако канцеларот Себастијан Курц поднесе оставка поради истрагата за корупција што се води против него.
Новиот канцелар, Александер Шаленберг, поранешниот шеф на дипломатијата, положи заклетва пред претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, пишува „Асошиејтед прес“.
52-годишниот Шаленберг им рече на новинарите дека ќе стори сé за да ги „закопа рововите“ предизвикани од неодамнешната владина криза.
Тој доаѓа од истата партија како Курц, поради што не се очекува промена во насоката на владината политика.
Шаленберг нагласи дека ќе продолжи тесно да соработува со Курц, со кого делат цврсти ставови за имиграцијата.
Курц (35) ќе остане на чело на конзервативната Австриска народна партија (ОВП), а во иднина ќе биде шеф на нејзината парламентарна парламентарна група, што значи дека тој ќе остане во центарот на австриската политика додека се бори против обвинувањата за корупција.