Поради сообраќајна незгода во близина на с.Страцин, сообраќајот на магистрален пат Куманово – Крива Паланка е во целосен прекин.
Претходно денеска патниот правец од Гевгелија кон планинското одморалиште „Смрдлива вода” и кон планинските села Конско и Ума попладнево е приспособен за сообраќај откако претпладнето поради обилните врнежи од дожд беше блокиран од одрони.
Одроните ги отстранија екипи на ЈПКД „Комуналец” и вработени од турската компанија кои се ангажирани за изградба на браната Конско. Патот е повторно ставен во функција со што е нормализирана комуникацијата со потпланинските и планинските села.
Како резултат на константните врнежи од дожд, во Гевгелија и гевгелиско од петокот до денес наврнаа 88 литри воден талог на метар квадратен.