Интегрален текст од известување на Ленин Јовановски од „Слобода Превоз“
„Како засегната страна, која практикува во дејноста Јавен линиски превоз на патници во Град
Скопје и како приватни превозници, ви се обраќаме да ги негираме шпекулациите објавени од
политичка партија кои произлегуваат од незнаење, но и најверојатно заради отсуство на
комуникацијата со нас во изминативе години и покрај многубројните проблеми со кои се
соочувавме особено за време на пандемијата со Ковид 19 и заради големите финансиски
проблеми кои произлегуваа од ненавремени исплати и големи долгови од Град Скопје преку ЈСП
кон нас превозниците.
Зачудени сме од загриженоста на некои фактори кои години наназад придонесуваат кон наше
уништување , а сега се наводно загрижени за нас со тврдењето дека доколку се воведе бесплатен
јавен превоз ние ќе сме пропаднеле. Ваквите тврдења не се точни и покажуваат основно
непознавање на тоа како приватните превозници функционираат во Градот Скопје, таквите
очигледно исто така не знаат дека такси превозот никогаш не бил и не може да биде конкуренција
на линискиот автобуски превоз на патници.
Воедно сакаме да ве информираме дека ние ја поддржуваме идејата за бесплатен јавен превоз,
како што ќе поддржиме и ќе помогнеме во реализација на се и секоја идеја која ќе биде во
интерес на граѓаните и сообраќајот во Скопје, како секогаш така и сега. Ние како приватни
превозници, а не има од сите етникуми , политички партии и партиски неопределени ја
поддржавме програмата за сообраќај на кандидатот за градоначалник на град Скопје Данела
Арсовска, заради тоа што единствено таа во нејзината програмата не спомнува нас како приватни
превозници и со конкретна поддршка за нас како такви.
Ние приватните превозници без разлика на нашата политичка, етничка и верска припадност
секогаш сме здружени и единствени во поддршката на се она што значи овозможување
поквалитетни услови во нашето работење и отворени врати за соработка и можност да бидеме
сослушани за проблемите со кои се соочуваме, без разлика од кого и каде тоа ни се овозможува.
А, тоа е она што за жал воопшто го немавме во изминатиот период, единствениот феномен, нула
средби со актуелниот градоначалник и директорот на ЈСП .За сите прашања од страна на медиумите стоиме на располагање, доколку има потреба и пошироко да ги елаборираме фактите за состојбите во јавниот превоз во Скопје и сообраќајот воопшто.