Еден од најдобрите фудбалери во светот, Аргентинецот Лионел Меси испиша нова страница во историјата на најважната споредна работа во Јужна Америка. Капитенот на Аргентина постигна ново рекордно остварување во јужноамериканскиот фудбал. Меси стана првиот фудбалер во историјата на континентот кој постигнал најмалку 80 голови за својата репрезентација.
Аргентинскиот волшебник до рекордниот гол стигна на супердербито со Уругвај кое Аргентина го доби со 3-0.