Министерството за внатрешни работи, вчеравечер спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територија на Република Северна Македонија. Во период од 23:00 до 04:00 санкционирани се 70 возачи.
-Од нив, 12 се на територија на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.