Последното истражување на Агенција Рејтинг покажува дека во Скопје актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ и коалцијата, Петре Шилегов има предност од 8,7% пред главната против кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Данела Арсовска. За Шилегов би гласале 46 одсто, а за Арсовска 37,3 одсто од анкетираните.
На трето место се наоѓа кандидатот на Левица, Петар Георгиевски Камиказа со 6,7%, следи Ана Петровска со 4,5% па Бени Шаќири со 2,3% и Александар Тортевски со 1,2%.
Сите останати кандидати имаат под еден процент поединечно или вкупно заедно 2%.
Истражувањето е спроведено по пат на интервју лице в лице, на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници во периодот од 2 до 9 октомври. Статистичката грешка изнесува +/- 2,9% во рамки на општиот примерок.
Резултатите се презентирани само од определените гласачи.