Арсовска: Нашите предци ни оставиле аманет дека не треба да се откажуваме, дека треба да се избориме за она што е најважно

Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, со положување свежо цвеќе се поклони пред споменикот на Методија Андонов-Ченто и со тоа оддаде почит на борците од НОБ за сeта нивна пожртвуваност и заложби  со цел да живееме во слободна и независна Македонија.

Арсовска, исто преку објава на социјалните медиуми, на сите граѓани на Македонија им го честита празникот и потсети на вредностите што произлегоа од овој значаен датум за македонската држава и за она за кое се бореле сите народни херои и нашите предци на овој ден пред 80 години.

“11 Октомври е ден кога започнала нашата борба со бугарскиот фашистички окупатор. Овој ден е потсетник за нашата борба, за нашиот непокор! Овој ден треба да се потсетиме дека нашите предци ни оставиле аманет дека не треба да се откажуваме, дека треба да се избориме за она што е најважно. Овој ден е денот кога покажавме дека знаеме да се избориме за слобода. Затоа имаме обврска да продолжиме по тој пат и да обезбедиме подобра иднина на нашите идни поколенија. Честит и вековит 11 Oктомври Македонијо!”, напиша Арсовска.

 

Треба да знаете
Последни објави