Воз прегази тројца мигранти во јужна Франција

Тројца мигранти загинаа во југозападна Франција прегазени од воз додека лежеле на шини, изјави денеска портпаролката на локалната полиција.

Таа кажа дека четворица мигранти утринавата, околу 5 часот, биле на пругата кај Сен Жан де Луз, кога биле прегазени од воз што сообраќал кон Бордо.

-Тројца од нив веднаш им подлегнаа на повредите, додека четвртиот е тешко повреден, рече таа.

Не е јасно зошто мигрантите лежеле на шините, додаде таа.

Двајца од мигрантите биле од Алжир, а не е познато од каде се другите двајца.

Градоначалникот на блискиот град Сабур, Енеко Алдана-Дуат, за телевизијата БФМ изјави дека областа долж границата со Шпанија е порта за имигрантите.

Треба да знаете
Последни објави