Аргентинскиот фудбалски интеранционалец Пауло Дибала се согласил да го продолжи престојот во редовите на повеќекратниот италјански првак Јувентус до 2026 година. Преговорите меѓу напаѓачот Дибала и раководството на Јувентус траеја неколку месеци и како времето одминуваше се повеќе се чинеше дека Дибала ќе и откаже „љубов“ на „старата дама“. Пресврт во разговирте направи враќањето на тренерот Масимилијано Алегри на клупата кај тимот од Торино и сега преостанува само постигнатиот договор да биде потпишан од двете страни.
Аргентинецот во Јувентус пристигна во 2015 година од Палермо. Доколку го одгработи до крај новиот догвор Дибала ќе стане првиот странец кој најдолго останал во редовите на „старата дама“. Досегашниот рекорд го држи Давид Трезеге кој одигра 245 натпревари во периодот од 2000 до 2010 година.