ЕУ ќе одвои една милијарда евра за поддршка на луѓето од Авганистан и соседните земји, со цел да се решат итните потреби во земјата и регионот, објави Европската комисија.
ЕК наведува дека социо-економската ситуација во Авганистан се влошува, поради што стотици илјади Авганистанци се доведени во опасност со приближувањето на зимата и дека хуманитарната помош нема да биде доволна за да се спречи гладта и големата хуманитарна криза.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен нагласува дека мора да се стори сé за да се спречи хуманитарен и економски колапс во Авганистан.
„Јасни сме за нашите услови за секој ангажман со авганистанските власти. Но, авганистанскиот народ не треба да ја плати цената на талибанската акција. Затоа ова е пакет поддршка за авганистанскиот народ и соседните земји кои беа првите што им помогнаа “, рече Лаен.
Од Комисијата велат дека долгорочно ќе ги поддржат оние земји-членки кои ќе одлучат да ги прифатат Авганистанците во ризик.