Избраниците на Канатларовски во Ереван ќе атакуваат на прва победа во групата

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денеска (16 ч.) во Ереван, протис соодветната селекција на домаќинот Ерменија продолжува со настапите во квалификациската група за пласман на ЕП 2023 година. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски ќе атакуваат на прва победа откако по првите три одиграни кола имаат скор од еден пораз од Франција (3:0) и две нерешени средби, дома со Србија (0:0) и на гости против Фарски Острови (1:1). Со ваков учинок македонските надежи се последноплааирани во групата Х со два бода, еден помалку од денешниот противник Ерменија.

Канатларовски и за овој натпревар нема да може да смета на четворица стандардни репрезентативци, Агон Елези и Енис Фазлагиќ се повредени, додека Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни корона протоколи неможат да допатуваат од Австралија.

Треба да знаете
Последни објави