Да ја сакаш својата општина значи да сакаш да ја видиш како најдобра верзија не само за себе туку и за другите, да ја сакаш значи ќе работиш за да овозможиш секој поединец да го има она што му е најпотребно – работа, просперитет и среќа, а токму ова го овозможуваат СДСМ и коалицијата, со најдобрата кадровска и програмска понуда за секој граѓанин, истакна во своето обраќање кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Крива Паланка Сашко Митовски.
Тој истакна дека Крива Паланка денес е поубава, изградена, модернзирана, зајакната, повеќе патно поврзана буквално со секој крај споредено со периодот од пред 4 години, и најави дека ќе се продолжи со градење улици, канализации, детски паркови, училишта, градинки, спортски терени, за Крива Паланка да биде место во живеат и работат среќни луѓе.
И сите вие знаете како работи СДСМ- ако овој регион беше запоставен и заборавен, сега, по речиси половина век се гради во Крива Паланка и околината како никогаш досега, истакна Митовски, издвојувајќи го експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој се гради во полн ек, рехабилитација на над 50 километри регионални патишта и околу 40 километри магистрални патни правци, изградени локални патишта, реконструкција на над 20 улици, регулација на Крива Река,уредени спортски објекти, нови спортски содржини и рекреативни патеки, водоводна мрежа и системи за водоснабдување, канализациони мрежи, нови тротоари, возила за локалните институции, обнова на училишта, на културните институции.
Митовски му се заблагодари на досегашниот градоначалник на Крива Паланка Борјанчо Мицевски и општинската администрација за вложениот труд и ја презентираше својата визија за општината во наредните четири години.
Mojaта визија за општината е атрактивна туристичка дестинација, со искористени природни ресурси, урбана, чиста и зелена општина, економски развиена со плански уредена инфраструктура, со добро организирани локални институции, стручна и ефикасна администрација, која ќе обезбеди навремена испорака на услуги кон граѓаните, истакна Митовски.
Како приорити од својата програма Митовски ги издвои, регулирањето и решавањето на метежот во централното подрачје со изградба на нови паркинг места и катна гаража, изградба на модерен турискичко рекреативен центар „Калин Камен”, регулација на Дурачка река со изградба на пристапен пат, гасификација на општината, модернизација и реорганизација на ЈП Коминалец.
Младите се јадро што ја креира заедницата, а СДСМ и коалицијата нудат проекти и поддршка на младите, порача Митовски и најави грантови за иноватори од 120.000 денари, субвенционирање млади невработени лица и студенти за користење на спортските објекти, буџет за млади, како и субвенции за купување дигитални уреди за основци, средношколци и студенти.
Ако зборуваме за најдоброто за Крива Паланка, се разбира дека изборот е потврден, најдоброто за Крива Паланка доаѓа со СДСМ и коалицијата – за само 5 дена, со глас за бројот 12, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Крива Паланка Сашо Митовски.