Сопружниците Дејан (45) и Сузана (37) Тодоровиќ од Мал Црниќ кај Пожаревац починале од кoрoна во ист ден, пишува Нова.рс.
Сузана имала проблем со астма пред короната, додека нејзиниот сопруг Дејан бил целосно здрав. И двајцата не биле вакцинирани.
Откако биле заразени со коронавирус, тие биле сместени во ковид-болницата во Батајница, и по тринеделна борба, ноќта помеѓу 26 и 27 септември, и двајцата починале.
Нивната ќерка остана без татко и мајка за само една ноќ, а целото семејство и познаници се во шок поради оваа трагедија.
Приказната за Nova.rs ја потврди директорот на болницата во Батајница, др. Татјана Аџиќ.
-Минатата недела истиот ден починаа маж и жена. И двајцата невакцинирани. Таа ‘84. година, тој ‘76. Замислете го тоа семејство и тоа дете кое остана без двајцата родители за една ноќ бидејќи не беа вакцинирани, рече д -р Аџиќ.