Претседателката на Косово, Вјоса Османи, оцени дека Србија го злоупотребува статусот земја-набљдувач во Движењето на неврзаните, со цел, како што тврди, да ја искриви вистината за Косово. Таа напиша на Фејсбук дека Косово е признато од значителен број членови на Движењето на неврзаните, и ги повика другите „да не паѓаат на пропагандата на Србија“, пренесе Танјуг.
Османи бара Србија да се откаже од поткопување на меѓународната позиција на Косово.
„Со цел да придонесе за добрососедските односи меѓу двете земји, Србија мора да се откаже од напорите да ја поткопува меѓународната позиција на Косово со лобирање против членството на Косово во меѓународни организации и кампања против признавање на независноста на Косово од другите држави“, рече Османи.