Пинк е прогласена за најслушана жена уметник на 21 век во Велика Британија, на табелата составена од компанијата за лиценцирање музика PPL.
Рангирањето е направено врз база на податоци за користење на музиката и нејзиното емитување на британските радио станици и телевизиски канали.
Според бројките, Пинк била пуштана повеќе од Адел, Бијонсе, Ријана, Лејди Гага и Кети Пери.
Американската sвезда (42) има изградено силен музички каталог со трајни хитови прилагодени за радио уште од 2000 година.
Деби албумот на Пинк, Can’t Take Me Home, беше објавен на почетокот на векот, со аренби вкус и хитови како Most Girls, You Make Me Sick и There You Go.
Хитовите како Just Give Me A Reason, Try, What About Us, Sober и Walk Me Home останаа главни на плејлистите на радио станиците долго по нивното објавување.
Мадона се најде на второто место на табелата по четиридецениската кариера во која објави голем број хитови, вклучувајќи True Blue, Ray Of Light и Music.
На третото место е Кети Пери, чиј трет албум Teenage Dream беше еден од најпопуларните во 2010 -тите. Ријана е четврта, а Лејди Гага петта.