Утринава тажна вест ја потресе ракометната и целокупната јавност во Македонија, откако простриу веста дека на 38 години од непознати почина поранешната македонска репрезентативка и член на Кометал Ѓорче Петров, Јулија Николиќ, моминско презиме Портјанко.
Николиќ во Скопје пристигна во 2003 година од Украина. Дресот на Кометал Ѓорче Петров го носеше до 2009 година. Доби македонско државјанство и играше во „црвено-жолтиот“ дрес до 2012 година.
Николиќ од Кометал Ѓорче Петров се пресели во Беледијеспор во Турција, па играше во француски Арвор (сега Брест), а настапуваше и во Русија за Звезда Звенигород. Кариерата ја заврши во Македонија, каде што од 2013 до 2015 година ги бранеше боите на Вардар, во времето кога се склопуваше ѕвездената генерација.
По завршувањето на кариерата живееше во Скопје со своето семејство, а беше успешен сопственик на угостителски бизнис.