Шилегов: Чаир го развиваме како никогаш порано, продолжуваме уште посилно

Вечерва, од врата на врата, разговаравме со граѓаните од Општина Чаир за нашите завршени и идни проекти во оваа општина и за сето она што е важно за чаирчани, вели Петре Шилегов, кандидат за втор мандат за градоначалник на Скопје.

„Изминатите 4 години, во овој дел од Скопје вложуваме како никогаш до сега. Ако во минатото Чаир беше заборавено од градските власти, денес оваа општина се развива паралелно и забрзано со останатите скопски општини. Во Чаир, ја завршивме реконструкцијата на улиците Кемал Сејфула, Втора Македонска Бригада, Македонско-Косовска Бригада, Џон Кенеди и бул. Крсте Петков Мисирков,“, кажа Шилегов.

Тој рече дека изградиле два нови булевари, булеварот Босна и Херцеговина и булеварот Христијан Тодоровски Карпош, го прошириле и доградиле бул. Никола Карев (Пластичарска), како и новиот кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула.

„Општина Чаир денес има нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари во должина од 16.000 метри (од кои 5700 метри се нови тротоари). Извршена е и целосна реконструкција и опремување на училиштето Цветан Димов, како и набавени се прочистувачи на воздух за секоја училница. Ниту зеленилото не беше изоставено во оваа општина, напротив, засадени се над 1.700 нови садници и уредени се над 63.000 м2 јавни зелени површни“, рече Шилегов.

 

Треба да знаете
Последни објави