Најмалку две лица загинаа кога авион „Цесна 340“ се урна во предградие на Сан Диего во Јужна Калифорнија.
Се верува дека меѓу загинатите е и пилотот на авионот.
Малиот авион удрил во комбе, а возачот загинал.
Повредени се најмалку две лица, меѓу кои и една жена која соседите ја извлекле низ прозор на куќа во која настанал пожар по несреќата.
Авионот летал кон аеродромот „Монтгомери-Гибс“ кога се урнал, а непосредно пред падот, контролорот го предупредил пилотот дека лета премногу ниско.