Поранешниот заменик-министер за образование на Косово, Јусуф Тачи смета дека идниот понеделник, 18 октомври, односно дента по одржувањето на локалните избори, не треба да се одржи настава во училиштата, со цел училишните простории да се дезинфицираат.
Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека на тој начин би се намалиле можностите од зараза на учениците, наставниците и другиот персонал во училиштата.
– Поради големата раздвиженост на луѓето на денот на изборите на 17 октомври 2021, како што препорачуваат и општините, в понеделник, на 18 октомври, не треба да се одржи наставата во училиштата, со цел училишните простории да се проветрат, да се исчистат и да се дезинфицираат и на тој начин да се минимизира можноста од зараза на учениците, наставниците и другиот персонал во училиштата, вели Тачи.
Претходно, минатата недела, истото барање до Министерството за образование го поднесе и Асоцијацијата на општини на Косово.