Италијанец починал додека бил на лов во атарот на Попова Шапка. Тој починал на едно од ловиштата на Шар Планина додека бил во потрага по дивеч вчера околу 9 часот.
– Вчера околу 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Ловиште Јеловјане-3″, во атар на Попова Шапка, починал Р.Б.(64) од Италија, кој бил на лов преку ловечко друштво од с.Боговиње, Tетовско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на семејството.