Утре попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни, информира УХМР.
Пообилни врнежи ќе има и в четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините, особено во западните делови, ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.
Од четврток и во следните денови, како што велат од УХМР, повремено ќе дува засилен северен ветер.