Министерството за енергетика во Индија денеска објави дека е издадена наредба до најголемите производители на електрична енергија во земјата, државната компанија НТПЦ и корпорацијата Дамодарска долина (ДВЦ) да ја испорачаат целата електрична енергија што ја имаат на располагање поради потенцијален недостиг.
Овој потег доаѓа откако премиерот на градот Делхи, Арвинд Кеџривал предупреди во саботата за потенцијална криза со електрична енергија во главниот град на Индија, поради недостиг на јаглен, што веќе предизвика ограничувања на електричната енергија во некои источни и северни земји во земјата.
Индиските држави, вклучително и Бихар, Џарканд и Раџастан, во моментов имаат проблеми со недостиг на електричната енергија. Махараштра затвори 13 термоцентрали и апелираше до луѓето да штедат струја, пишува Гардијан.
Три електрани во Пенџаб, исто така, го прекинаа производството, а шестчасовните ограничувања закажани во оваа индиска држава предизвикаа протести кај населението.
Иако се смета дека недостатигот на електрична енергија се должи на недостиг на јаглен, некои експерти велат дека тоа не е така. Во изминатите две децении, домашното производство на јаглен во Индија порасна експоненцијално. Производителите на енергија, како и државниот производител на јаглен, Coal India Limited, се обвинети дека не подготвиле залихи што ќе одговараат на побарувачката и потрошувачката.