Македонската спортска јавност ќе може да и каже последно збогум на ненадејно починатат 38-годишна поранешна ракометна репрезентативка Јулија Николиќ , моминско Портјанко, в четврток на градските гробишта во Бутел.
Погребот на градските гробишта „Бутел“ ќе биде во 11 часот, а од 10 часот е предвидена комеморацијата во капелата во „Бутел“.
Николиќ почина синоќа околу 22 часот, ненадејно и без претходни здравствени проблеми. Во својата богата кариера имапе скоро 190 настапи во дресот на македонската репрезентација, а беше дел и од двата најголеми клуба македонски клубови Кометал Ѓорче Петров и Вардар.