Открива revolucioner.press
Во 1994 година кандидатот за градоначалник во општина Долнени, Ладо Глигороски е осуден на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци по Член 43.
Во тој период Глигороски работел во полициското оделение во с. Богомила, а казната затвор му е изречена поради користење на прекумерна сила врз лице кое што било лишено од слобода по што лицето им подлегнало на повредите.
Глигороски дел од казната ја лежел во затвор а остатокот го поминал во психијатриска установа поради психичко растројство.
Она до кое што дојдовме како информација е дека Глигороски е во тесна соработка со актуелниот градоначалник на Долнени, односно тендерите за одржување ги добива токму неговата фирма.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ при објавувањето на своите кандидати за Глигороски ќе напише:
“Ладо Глигороски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Долнени.
Тој е чесен и семеен човек, татко на три деца. Активно се занимава со земјоделие.”
По кој критериум ВМРО-ДПМНЕ го доделува зборот чесен при неговото претставување останува нејасно…