Нашата понуда е јасна, програмата ја креиравме заедно со вас, во Ново Лисиче ќе направиме нов објект на градинка, со што ќе се зголемат капацитетите за згрижување на нашите најмлади, тука ќе работиме и на подигнување на нови зелени површини, но и одржување на постоечките, порача вечерва кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски.
„Сервисните улици, пешачките зони и плочници повторно ќе се мијат со цистерни, со што ќе добиеме почисти јавни површини. Аеродром ќе биде општина – дом за сите генерации. Затоа што планираме младински центар, но и активни центри за стареење за највозрасните. Затоа што подобрувањето на условите во основното образование значи и изградба на сензорни соби, со цел еднакви шанси и за учениците со попреченост. Затоа што ќе ги подобруваме сервисните улици, но и ќе правиме 20 километри нови вело – патеки. ” истакна Филиповски.
Филиповски порача дека има проекти кои се во интерес на граѓаните и од граѓаните ја побара поддршката на 17 октомври.
„Давам збор дека нема да ве разочарам! Во недела гласајте за луѓе кои ги знаете, од вашата населба, од вашето маало. Гласајте за број 12, гласајте за советничката листа на СДСМ предводена од Александар Трајановски, гласајте за Петре Шилегов и доктор Софија Пејкова” повика Филиповски.