ФФМ ќе плати дебела парична казна поради неодговорен гледач

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе плати дебела парична казна поради неодговорен гледач кој се самоизживуваше од трибините на арената „Тодор Проески“ синоќа за време на квалификацискиот натпревар со Германија (0:4). Во 18. минута од натпреварот неодговорен навивач се обиде со ласер да му попречи на Џошуа Кимих да го изведе корнерот. Германскиот репрезентативец на протестираше напротив, без проблем го изведе ударот, но овој испад се најде во записникот на делегатот , бидејќи реагираше судијата Дани Макели.

Ваквите „инциденти“ не остануваа неказнети. УЕФА на последното ЕП кое се одржа летоска ширум „стариот континент“ кога ласерот беше вперен во очите на данскиот голман Каспер Шмајхел за време на дуелот со Англија, одмери казна од 30.000 швајцарски франци.

 

 

Треба да знаете
Последни објави