Нема информации кога ќе почне скринингот на 8200 ученици во основните и средните училишта, што од Министерството за здравство беше најавен за почетокот на оваа недела. Преку регистарот во Е-дневник по случаен избор тие треба да бидат тестирани на КОВИД=19, со согласност од нивните родители, за да се се добијат податоци дали има пренесување на вирусот во училиштата.
Министерката за образование и наука Мила Царовска и денеска изјави дека е во постојана координација со Министетстѕвото за здравство и ќе бидат навреме соопштение детали за скринингот.
-МОН е во координација со Министетстѕвото за здравство кое е надлежно за координација на овој процес. Во моментот кога институциите ќе имаат нови информации, јавноста ќе биде навремено известена, рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на регионалната конференција „Училиштата се среќаваат со компаниите”.
На прашање дали има сознанија за фотографии што се објавени на социјалните мрежи за фрлени големо количество учебници и наставни материјали, министерката упати информации да се побараат кај институцијата или училиштето за коишто има сомнежи или сознаннија дека тоа се случува, додавајќи и дека социјалните мрежи се често извор на лажни вести.
– Министетството за образование и наука нема надлежност да разговара ниту да ја следи состојбата на отпис на материјали кои се во училиштата. Тие се во надлежност на општините. Никој не пжријавил дека има потреба од расходување на поголема коичина на учебници и книги. Ве упатувам ако имате соизнанија за институција што го прави тоа, да се обратите и да прашате за што станува збор. Социјалните мрежи се често извор на лажни вести кои не му одговараат на никого. Очекувам и медиумите да се вклучат во борба со лажните вести кои имаат голем замав, додаде Царовска.