Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани.
Утре без струја од 8 до 15:30 часот, ќе останат дел од бул. „Видое Смилевски Бато”, (блокот спроти ПСС згради бр. 1, 3, 5 и 9) во Општина Аеродром. Од 9 до 14 часот, бул. „Партизански одреди”, зграда бр. 66., во Општина Карпош. Од 9 до 10:30 часот, дел од ул. „Лазар Димитров” (од бр. 38 до бр. 45) и ул. „Добромир Хрс” во Општина Кисела Вода.
Од 9 до 13 часот, ул. 3 во село Горно Соње во Општина Сопиште, а од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од дел од село Студеничани, од џамијата кон ОУ „Наим Фрашери”. Без струја утре од 12 до 15 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Морани во Општина Студеничани.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека утре поради менување водоводен вентил во шахта на „Никола Русински” бр. 12 во општина Карпош., од 9:30 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица.
Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул.„Тиквешка” бб во Општина Шуто Оризари, од 17 часот водата е затворена и прекинато водоснабдување имаат корисниците од дел од таа улица. На отстранување на дефектот ќе се работи утре во претпладневните часови.