Бројот на мигранти кои пристигнаа во Германија преку Полска и Белорусија се зголеми во последните месеци, соопштија германските власти.
Германската федерална полиција денеска објави дека повеќе од 4.300 луѓе илегално ја преминале границата од Полска преку Белорусија оваа година, а повеќето мигранти доаѓаат од Ирак, Сирија, Јемен и Иран, објави ДПА.
Од јануари до јули беа регистрирани само 26 лица кои дојдоа до таканаречената „белоруска рута”, а 474 од нив пристигнаа во август, 1.914 во септември и 1.934 во првите 11 дена од октомври, објави федералната полиција.
Повеќето се сместени во прифатни центри за азиланти во источната држава Бранденбург. Поставени се дополнителни шатори веднаш до редовните центри каде може да се сместат 3.500 луѓе за да се ослободи простор за околу 5.000 мигранти.
– Ситуацијата не е драматична, но е тешка, рече Олаф Јансен, шеф на централната канцеларија за странци во источно германскиот град Ајзенхитенштад, додавајќи дека постои и загриженост дека коронавирусот може да се шири меѓу новите мигранти.
Лидерите на ЕУ, вклучително и германската канцеларка Ангела Меркел, ги обвинија белоруските власти дека ја олеснуваат миграцијата во ЕУ како форма на „хибридна војна” за дестабилизација на Унијата.
Илјадници мигранти одат кон Белорусија со туристички визи и се охрабруваат да преминат во Полска, Литванија или Летонија, ЕУ земји што граничат со Белорусија.