Опасност да исчезне од спортската карта и се заканува на Формула 1 доколку не бидат воведени промени, предупреди четирикратниот светски првак во Ф1, Германецот Себастијан Фетел.
– Формула 1 не е зеленa и ,тоа не е дискутабилно. Но, живееме во време во кое имаме технологија и можности да ја направиме Ф1 позелена без притоа да загубиме на спектакуларноста и страста, изјави Фетел во интервју за германскиот весник „Ноен Оснабрукер Цајтунг”.
– Сега се водат важни разговори за тоа што би можеле да промениме во иднина. Доколку не се случат промени, не сум оптимист. Доколку нешто не се промени, формула 1 може да исчезне, предупреди четирикратниот светски првак Фетел.