ВМРО-ДПМНЕ само го потврди скандалот дека нивната кандидатка Данела Арсовска со години крадела струја, се вели во реакцијата од владеачката СДСМ како одговор на соопштението од опозициската партија.
-Фирмата „Империал – Данела” ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз-извоз Скопје” во кои таа била управител и сопственик со години под закуп ја имала салата Расадник во Кисела Вода и не плаќала струја. Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра.
Ако Данела вака лошо менаџира со сала, јасно е како ден дека не може да управува со цел Град.
Ако можела без око да и трепне да направи милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.
Неодговорното и нечесното работење е препознатлив печат на ВМРО-ДПМНЕ и на кадрите на Груевски. Тоа е печат на ВМРО-ДПМНЕ кои со години го опустошија Скопје.