Вучиќ му дава 24 часа рок на КФОР да реагира, ако не ќе ја прати војската на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ во придружба на минситрите за одбрана и внатрешни работи Небојша Стефановиќ и Алекснадр Вулин како и високи воени преставници пристигнал во касарната во Рашка каде ги посетил единиците на војската и бил во обиколка на единицата на полициската жандармерија во Краљево. Вучиќ имал и состанок со претставници на Србите од Косово, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.

Средбата доаѓа по денешните тензични настани и судири со косвската полиција на локалното население на северот на Косово, во кои има и повредени, Вучиќ порача дека нема да дозволат да страда српскиот народ. Судирите се случија за време на полициската акција против шверц на стока. Полицијата соопшти дека денеска биле уапсени вкупно осум лица и дека акцијата поминала без проблеми во сите градови на Косово, освен во северно Косово, каде полицијата „се соочила со отпор и напади од граѓаните“.

Вучиќ најави можност да ја испрати и армијата на Косово за да го заштити населението на северот на Косово, но нема да го стори тоа доколку КФОР реагира во следните 24 часа.

-Ако НАТО не реагира, Србија ќе реагира – изјавил Вучиќ. кој денеска ја посетил и единицата на полициската жандармерија во Краљево. Според него има неколку работи поради кои „Приштина предизвикува нестабилност, а една од причините е што некои големи сили ги брзаат во ваквите активности.

-Тука лежи желбата на дел од големите западни сили да дестабилизираат и уништат сè, за да можат подобро да управуваат со процесите, бидејќи се снаоѓаат само во тим – рекол Вучиќ на состанокот и открил дека до пролет, големите сили „ќе бараат исчезнување на Република Српска“ и дека Србија ќе се соочи со голем притисок, пренесуваат медиумите во Србија.

Вучиќ изјави дека „ќе падне на грбот на Србија“ и дека на Србија ѝ претстои тежок период. Како што кажа, целта на големите сили не е само „независно, целосно Косово, туку и слабеење на Србија“.

-Не им одговара што Србија продолжува да напредува, да прави поголема разлика, да инвестира во своите цркви, образование, научни центри, во своите фабрики, армијата … Затоа е неопходно да се запре Србија – изјавил Вучиќ.

Според него, тој нема да се откаже, наведувајќи ги пред се Обединетото Кралство, САД и Германија, потоа Франција, Италија … во овие активности.

Тие нема да се откажат од целото, независно Косово и навистина не им е грижа што прават. Ниту денеска не рекоа дека Албанците се виновни – порачал Вучиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави