Филмското студио „Дизни“, наводно, работи на филм за патувањето на својот основач Волт Дизни да го изгради култниот тематски парк во Калифорнија, чија премиера ќе биде на „Дизни плус“, стриминг-платформа на компанијата.
Како што пишува „Дедлајн“, филмот – кој допрва треба да биде насловен – ќе го режира Дејвид Гордон Грин (Halloween Kills).
Сценариото треба да го напише Еван Спилиотопулос („Убавицата и зверот“ и „Снежана и ловецот“).
Дизниленд – кој беше прогласен за најсреќно место на Земјата или Happiest Place On Earth – за првпат беше отворен во 1955 година, и тоа е единствениот парк изграден целосно под директен надзор на Волт, иако други следеа во Флорида, Париз и низ целиот свет.
Некои од саканите атракции на паркот оттогаш беа адаптирани за големото платно, вклучително и за „Пиратите од Карибите“, „Опседната палата“ и „Крстарење во џунглата“