Претседателот на СДСМ од вечерашната трибина на „Најдоброто за мојата општина” во Бутел порача дека централната власт ќе продолжи да ги помага општините за побрз развој на секоја општина и навремена реализација на сите проекти кои се важни за граѓаните.
„Тоа се гледа и тука во Бутел каде се инвестираше во бројни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот во секое населено место во оваа општина. 700.000 евра вложивме во развој на патната инфраструктура овде во Бутел. Во индустриската зона Визбегово поставивме водоводна и канализациска мрежа.
312 социјални станови се градат во Бутел, се доизгради градинката „Св. Климент Охридски”, се реконструираше ООУ „Лиман Каба” во Љуботен. Се реконструираа многу улици во општината, а преку Град Скопје пробивме нов булевар „Босна и Херцеговина” кој станува нова важна сообраќајна артерија во овој дел од Скопје, но ќе значи и можност за забрзан локален развој, за нови инвестиции, за раст и развој на општината”, додаде Заев.
Заев на бутелчани им порача да не гласаат за луѓе од советничките листи кои ќе кочат исто како на централно ниво. Да го изберат „Најдоброто” и оној кој ќе работи за Општина Бутел а тоа е Велимир Смилевски.