Четиристотини евра парична казна му била изречена на кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски поради нарушување на јавниот ред и мир.
Тој во 2016-тата година во спортска сала во одморалиштето „Радости“ во Охрид физички нападнал прилепчанец, кој пак се здобил со телесни повреди од ударите и шлаканиците. Се започнало откако Костовски се обратил со зборовите „Ајде да се тепаш со мене“, по што физички го нападнал прилепчанецот и го отстранил од салата. Сепак, кандидатот за градоначалник, а тогашен советник во Министерството за труд и социјална политика, одговарал единствено за нарушување на јавниот ред и мир по Законот за прекршоци.
Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати за градоначалници на партијата со сомнително минато.
-Поддржете промени. Поддршката за Дарко Костовски е поддршка за нова иднина, порача претседателот на партијата, Христијан Мицкоски