Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс, откако го исфрли искусниот Енди Мареј без загубен сет (2-0).
Иако Зверев не тргна најдобро и го загуби првиот гем на свој сервис, ама веднаш се врати со два брејка и со 6-4 поведе. Тенисерите не беа сигурни ниту во вториот сет, изгубија по два гема на свои сервиси, за на крајот Зверев да ја искористи првата меч-топка и да победи по тај-брејкот.
Третиот тенисер на АТП ранг-листата, Стефанос Циципас со пресврт славеше над Фабио Фоњини и се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс.
Циципас славеше со 2:6,6:3,6:4, но мечот ќе остане запомнет по новиот инцидент на грчкиот тенисер. Италијанецот му се пожали на главниот судија дека Циципас добивал совети од неговиот татко кој беше на трибините.
-Ова е меч на двајца против еден, се пожали Фоњини, но судијата му одговори дека тоа е поддршка од трибините и не се совети.
На крајот од мечот, Италијанецот не издржа и му приговори нешто на Циципас.
Стефанос Циципас речиси цела година е мета на критики од неговите колеги поради неколку причини, а највеќе им оди на нерви тоа што Гркот прави чести прекини и оди во тоалет кога губи.
Претходно, фаворитската улога ја потврди и Данил Медведев против Крајиновиќ (2-0), па главните претенденти за трофејот го продолжија патот на турнирот во САД.
A few words exchanged 👀
Tsitsipas and Fognini discuss at the net after their #BNPPO21 encounter. pic.twitter.com/fk67i3tVfN
— Tennis TV (@TennisTV) October 13, 2021