Вкупно 27 проценти од членовите на Европскиот парламент пријавиле дополнителен приход, чија вкупна вредност е од 3,9 до 11,5 милиони евра, се наведува во извештајот на организацијата Транспаренси Интернешнл.
На европратениците им е дозволено да имаат дополнителен приход, освен пратеничките плати, но тие мора да дадат детали за нив и да бидат објавени во јавни извештаи за финансии, пренесува бриселски Политико.
Мониторинг групите изразија загриженост дека овие информации честопати се нејасни и дека дополнителната работа може да создаде судир на интереси. – Идентификувавме значителни дополнителни приходи и загрижувачки нејасни финансиски извештаи, рече Витор Теиксира од Транспаренси Интернешнл.
Во извештајот се наведува дека најголемиот дополнителен приход има полскиот европратеник и член на Европската народна партија (ЕПП) Радослав Сикорски, како и францускиот пратеник Сандро Гози и данскиот пратеник Асгер Круистенсен, кои исто така се членови на партијата „Обнова на Европа”.
Десничарската партија Идентитет и Демократската група имаат најголем процент пратеници кои имаат дополнителни активности, односно 38 проценти. На второ место е ЕПП, а потоа следуваат Обнова на Европа и Зелените. Групата со најмал број пратеници со дополнителен приход е Левица.