Најновата германска инвестиција во ветерна електрана, тешка рекордни 500 милиони евра заврши во светските медиуми. Ветерниците на германската компанија WPD ќе произведуваат 400 мегавати струја, а нивната моќност се споредува со годишната работа од двата блока на РЕК Битола.
-Владата на Северна Македонија планира да обезбеди околу 1.500 мегавати од соларни електрани и околу 700 мегавати енергија од ветер. WPD работи во 28 земји низ целиот свет, пишува во објавата на Асошиејтед прес.
-Премиерот Зоран Заев рече дека планираниот проект од 415 мегавати е најголемата германска инвестиција во земјата и најголемата во областа на зелената енергија откако Северна Македонија прогласи независност од поранешна Југославија во 1991 година, пренесува американскиот ABC News.
За инвестицијата пишува и грчкиот весник Екатимерини, додека пак новинската агенција Ројтерс дополнува дека ветерниот парк, кој ќе има 69 турбини, ќе се гради во три фази на три локации и ќе снабдува со електрична енергија околу 290.000 домаќинства.
На вчерашната презентација на инвестицијата во обновливи извори на енергија, премиерот Зоран Заев
кажа дека таа е придобивка од Законот за стратешки инвестиции.
-Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија, истакна Заев.