Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е главна цел на Манчестер сити во текот на следниот летен преоден рок, објави „Тајмс”.
Според британскиот медиум, во јануари претставници на англискиот клуб ќе се сретнат со агентот на напаѓачот Мино Раиола.
За потсетување, таткото на 21-годишниот норвешки фудбалер Алф-Инг Халанд играше за Манчестер сити од 2000 до 2003 година.
Оваа сезона, Халанд одигра пет натпревари за Борусија во Бундеслигата, на кои постигна седум гола и забележа три асистенции.