Александар Наумоски кандидат за градоначалник од СДСМ и актуелен градоначалник на Ѓорче Петров во својата програма за следните четири години предвидува изградба на ново основно училиште во населбата Александрија.
Проценетата вредност на инвестицијата изнесува 4 милиони евра, средства обезбедени од програми на Владата и од буџетот на Општината, со капацитет за 500 деца, а во него ќе биде изградена и најсовремена спортска сала во која ќе можат да се одржуваат и меѓународни натпревари.
Училиштето ќе биде прв објект на основно училиште изградено по повеќе од 40 години.
За реализацијата на овој проект, ветување даде и премиерот Зоран Заев на митинг во Ѓорче Петров каде што истакна дека и централната власт ќе застане зад изградбата на новото училиште.