Пожар во интензивниот дел од ковид болницата во бугарскиот град Русе. Пожарот бил регистриран на петтиот кат од болницата, каде што биле хоспитализирани во тој момет четири пациенти. Лекарите и медицинскиот персонал итно биле евакуирани, а цела среќа е што нема повредени, ниту загинати пациенти.
Еден лекар, две медицински сестри и неколку хигиеничари веднаш почнале да го гаснат пожарот, откако пациентка на 71 годишна возраст го предизвикала со запалка.