Реакција од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ до пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска за денешната прес-конференција
„Класичното режимско постапување од најлошите години на режимот го имаме и сега, ама кај поединци од власта кои ги имаат узурпирано државните институции за партиски цели.
Уште во текот на вчерашниот ден, ја информиравме јавноста дека поднесовме пријава за обид на изнуда на средства од кандидат во време на изборен процес. Тоа се потврди и во самата снимка, на која лице бара средства за да обезбеди гласови.
Доколку имавте можност целосно да ја слушнете снимката пред да ја одржите денешната прес-конференција ќе се уверевте и самата дека станува збор за притисок и организиран напад врз советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.
Пораката која сакате да ја испратите преку претходно договорена прес-конференција за наводен поткуп нема да помине. И вчера, и денеска повикуваме МВР до крај да го истражи случајот и бараме по расчистувањето на случајот да се произнесе јавното обвинителство што треба по службена должност да одговори на нашата пријава. Апсолутно не се точни изнесените коментари од страна на пратеничката Тасевска дека ова било класично режимско постапување.
Во текот на целата кампања за локални избори, независната иницијатива „За наше Куманово“ и нејзиниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски се соочуваат со бројни притисоци од страна на поединци од власта кои ги злоупотребуваат државните институции за партиски цели.
Да потсетиме, одржавме низа прес-конференции на кои информиравме за вакви злоупотреби.
Министерот за внатрешни работи и началникот на МВР Куманово директно одат на партиски средби и работат на терен на интерес на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ.
Истите лица вршат притисоци врз вработени во СВР при Министерството за внатрешни работи, во градинки, вработени во образовни институции, во здравствени установи. Сите овие наши сограѓани вработени во државните институции се приморани да доставуваат списоци со 10 до 15 гласачи. Имавме и докази за овој случај. Истото СВР Куманово кое вчера ја злоупотреби својата службена положба во политичка цел, кон крајот на месец септември три дена вршеше притисок врз работата на Општина Куманово и нејзиниот градоначалник Максим Димитриевски преку стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и влезени во годишната програма.
Почитувана Тасевска, ова се класичните режимски постапувања од најлошите години на режимот кои не смеете да ги изнесувате во јавноста бидејќи така ви наложиле.
Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ќе победи на следните избори и покрај сите притисоци, закани и креирање на лажни слики во јавноста за елиминација на противникот. Одамна е завршено времето од режимот, ќе завршат и притисоците во Куманово.