Русија не е поканета на онлајн средба за борба против кибер криминал, предводена од САД

Русија не е поканета на онлајн состанок за борба против кибер криминалот на кој ќе учествуваат 30 држави предводени од САД, изјави американски претставник.

 

Во Украина и Русија делуваат голем број групи кои продаваат уценувачки софтвер, таканаречен „рансомвер”, тврдат експерти за кибернетика.

Некои американски претставници и аналитичари сметаат дека тие групи во Русија работат со прикриена поддршка од Кремљ, но дека не се под директна контрола на властите во Москва.

Средбата ќе трае два дена и ќе биде поделена на шест дела. Ќе се дискутира за употребата на криптовалути во прикривањето на заработката од кибер криминалот, гонење на групи кои пласираат „рансомвери”, употреба на дипломатија во борба против таков криминал и помагање на државите да изградат отпорност на нападите, изјави американски владин претставник.

Покрај САД, разговорите ќе ги водат Индија, Австралија, Германија и Велика Британија. На состанокот, меѓу другите, ќе учествуваат Канада, Франција, Бразил, Мексико, Јапонија, Украина, Ирска, Израел, Јужноафриканска Република и Европската унија.

– Водиме активни разговори со Русите, но тие не се поканети да учествуваат на овој форум, истакна официјалниот претставник, додавајќи дека тоа не значи оти Русија не може да учествува на идните состаноци.

Официјалниот претставник нагласи дека САД се во директни разговори со Русија околу прашањето за „рансомверот” како дел од експертската група формирана од американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека разговорите се во тек, дека САД споделиле информации за одредени криминални групи во Русија и дека Москва преземала први чекори во решавање на тоа прашање.

Треба да знаете
Последни објави