СВР Куманово ќе поднесе кривични пријави против три лица од Куманово, за кои постои сомневање дека сквернавеле гроб на градските гробишта, соопшти денеска полицијата. Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово. Тој заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта.
-По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11 октомври годинава, заедно со Р. С. (30) и Б.Н. (32) двајцата од Куманово, кои биле пуштени на викенд од казнено-поправна установа Идризово, извршиле сквернавење на гроб-информираше полицијата. СВР Куманово ќе поднесе соодветни крвични пријави против инволвираните лица, по целосно докуметираење на случајот велат од МВР.
Од Основното јавно обвинителство Куманово велат дека е поведена постапка против лице на возраст од 30 години за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, заедно и по претходен договор со уште две лица, на 10.10.2021 година, околу 1 часот по полноќ, на Градските гробишта во Куманово со совладување на препреки, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Тие со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен гроб, започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало тело на починато лице. Осомничените го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел пронаоѓање на златен накит, особено златен ланец за кој имале сознанија дека се наоѓа на телото на покојната, меѓутоа при пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле.Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Постапка се води и против другите двајца осомничени, кои во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело, велат од ОЈО.
Скндалот со сквернавењето вчера го откри Телма. Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ го имаше на повеќе места во родното Куманово, но и во Скопје пред комплексот судови. Таа загина во сообраќајна несреќа во јануари лани во скопски Илинден.
Токму во скопскиот кривичен суд се одвива судењето против млад кумановец, кој е е обвинет за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина девојката.
Семејството обвинуваше и тврдеше дека при увидот по сообраќајната несреќа се направени повеќе грешки и сметаа дека нивната ќерка била убиена откако со тешки повреди ја преживеала сообраќајната несреќа. Обвинителството немаше такви докази и поднесе обвинение против возачот.
Според полицискиот билтен, на 14.01.2020 во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга, а втомобил „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Никола С.(20) од Куманово, излетало од коловозот. На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Тамара П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Случајот, имаше и продолжение кога таткото на загинатата девојка беше приведен во кумановската полиција поради сомнеж дека со пиштол им се заканувал на неколку лица, кои им понудил пари да го убијат човекот кого го смета за одговорен за смртта на Јелена.