Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сѐ уште се истражува скандалот кој вчера го објави Државниот здравствен и санитарен инспекторат дека лекар „фантом“ две недели лекувал пациентка во домашни услови со освежувачи, а таа починала по само неколку часа од хоспитализацијата. Вели дека единствено што засега е познато е дека случајот го пријавил лекар од ГОБ „8-ми Септември“ кој ја примил пациентиката.
Прашан кој смее да лекува во домашни услови, Филипче вели дека таквото ексклузивно право го има само матичниот лекар.
-Ексклузивното право да комуницира и да дава препораки за лекување во домашни услови го има матичниот лекар. Зошто? Поради можноста 24 часа да комуницира со пациентот, да направи проценка на состојбата, да каже дали е за домашно лекување или евентуално да препрати на лекар специјалист и за хоспитализација. Така што, тоа е единственото нешто што е можно и единственото место што системот го препорачува и дозволува, рече Филипче.
Тој апелираше до граѓаните начините на лекување од Ковид да се дискутираат само со матичниот лекар или со лекар специјалист.
-Поради тоа нема еден универзален протокол за лекување. Има протоколи коишто се пратат согласно клиничката слика, манифестацијата и евентуалното присуство на хронични болести. Така што, важно е секогаш да се консултира лекар, или матичен, а по препорака на матичниот и лекар