Македонскиот и двократен европски ракометен првак Вардар по изнеадувачкиот старт во новата сезона од Лигата на шампионите, каде по три одиграни кола во групата А, беше една од двете екипи без пораз, на кого му пораснаа амбициите. Забревтаниот состав на „црвено-црните“ во „Јане Сандански“ го приземји францускиот Монпелје (25:31). Вардар за првпат пред овој дуел од 4. коло во групата се прогласи за фаворит, но не се снајде во ваквата улога.
Францускиото тим одигра импресивен натпревар, функционираше одлично и во нападот и во одбраната и на крајот заслужено дојде до убедлвива победа.
Вујовиќ мечот го почна со Томовски на голот, но не помна долго кога Ристровски застана меѓу стативите, но и тој немаше решение за расположениот напад на гостите. Во првото полувреме Монпелје потојано водеше, Вардар успеваше да се доближи до еден-два гола предност за противникот, но не и да направи резултатски пресврт. На полувреме се замина со предност од четири гола (11-15) за гостинот од Франција.
И во вториот дел сликата беше иста, како и во првото полувреме Вујовиќ се обидуваше и со 7 на 6, но тешко функционираше и таквиот напад, па Монпеје често даваше лесни голови и ја одржуваше сигурната предност кој во еден момет изнесуваше осум голови разлика 20-28.
Дибиров со седум голови и Тото со шест беа најефикасни кај Вардар, во составот на Монпелје Бос и Вилемино постигнаа по седум гола. Играч на мечот беше голманот на гостите, Бонфоа кој имаше 12 интервенции.
Вардар во следното 5. коло му гостува на Алборг.