(Видео) Маж со лак и стрела убил петмина и ранил двајца во Норвешкае

Пет лица загинаа, а две се повредени во избезумениот напад извршен во средата вечерта од напаѓач вооружен со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка. Оваа информација беше потврдена доцна вечерва од страна на шефот на регионалната полиција Ојвинд Аас.

Нападот почнал во супермаркет, а напаѓачот ги менувал локациите и случајно стрела кон луѓето.

– Еден од повредените е полицаец кој се спротивставил на напаѓачот. Тој во тој моментот не бил на должносст, рече Аас, додавајќи дека приведувањето на напаѓачот не поминало без проблеми.

– Добивме пријава во 18,13 часот, а го уапсивме во 18,47 часот, Првиот обид за апсење, за жал, пропадна. Полицијата испука предупредувачки куршуми, но тој успеа да избега. Во еден момент ја загубивме контролата врз него, но подоцна беше уапсен во блискиот град Драмен, изјави Аас.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека не може да потврди дали овој напад е поврзан со тероризам. Напаѓачот, според претходните информации на полицијата, дејствувал сам.

Локалните медиуми јавуваат дека припадниците на елитната полициска единица и армија ја обезбедуваат областа Конгсберг.

Тие пишуваат и дека десетина амбулантни возила биле присутни на местото на инцидентот, а два хеликоптери се задолжени за градот.

https://twitter.com/i/status/1448364524558561287

Нападите се извршени во широката област на Конгсберг, град со околу 28.000 жители во југоисточна Норвешка, соопшти полицијата.

Министерката за правда Моника Меланд беше информирана за нападот и внимателно ја следи ситуацијата, соопшти министерството.

Треба да знаете
Последни објави