Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ги одржи редовните 111-та и 112-та седница.
Во рамки на 111-тата тематска седница, ќе бидат разгледани повеќе информации за склучување договори за доделување финансиска поддршка на компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а подготвени и предложени од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Веднаш по завршувањето на 111-тата, ќе започне редовната 112-та седница на која меѓу другото ќе се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за услуги за кој како предлагач се јавува Министерството за економија.
На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки.
За заклучоците и одлуките од денешните Владини седници, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.