Како што информира „АС“, францускиот фудбалски интеранционалец од редовите на Баерн Минхен, Лукас Ернандес мора да се појави во Мадрид на 19 октомври годинава кога од него лично ќе биде побарано доброволно да оди во затвор во рок од 10 дена по неговиот избор. Оваа информација денеска е обелоденета по три години откако излезе официјално соопштение од судот во Мадрид за сериозниот прекршок кој го направил францускиот репрезентативец, а поради кој му е одредена шестмесечна затворска казна.
Најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен мора да се појави во судот во Мадрид откако била одбиена и неговата последна жалба, а во соопштението доставено од судијата, се вели дека Лукас треба да се пријави лично на закажаното рочиште и да го избере затворот во кој ќе ја отслужи казната.
Ернандес се најде во големи проблеми поради летниот одмор кој го имал со својата сопруга пред три ипол години, а со која претходно имаше непријатени недоразбирања и се најдоа на суд поради физички напад. Во февруари 2017-та година, Лукас и неговата сопруга Амелија добија казна од 31 ден општествено корисна работа и дополнителна условна казна според која не смеат да се приближат еден на друг во наредната година, нешто што двајцата го прекршиле наредното лето.
Двојката била заедно на „меден-месец“ во Мајами и се верува дека таму се регистрирале поради покренатата процедура против нив во Шпанија, но при враќањето во Мадрид, Лукас бил приведен од полицијата на аеродромот Барахас, а потоа ослободен од властите.
Единствена поволна околност за дефанзивецот е тоа што патувањето во Мајами било взаемно договорено со сопругата, па поради тоа постои некаква шанса да му се прогледа низ прсти и сепак да не заврши во затвор.